Во кошаркарскиот Куп на Македонија, денеска ќе се играат три возвратни (реванш) натпревари од четвртфиналето.
Во првиот од 13 часот, Работнички го пречекува второлигашот Т-Баскет од Тетово, во меч во кој домашните кошаркари ќе влезат со убедлива предност од 19 поени разлика, откако првиот меч во Тетово го добија со 91:72.
Поголема неизвесност се очекува на дуелите во Кавадарци и Куманово, каде домашните екипи ќе треба да надополнат негатива. Фени Индустри против Кожув ќе започне со негатива од 6 поени (првиот меч заврши 84:78 за Кожув), додека Куманово ќе треба да надополни 7 негатива против Карпош Соколи кој во Скопје на првиот меч славеше со 81:74.
Последниот реванш четвртфинален меч меѓу МЗТ Скопје Аеродром и штипски Гоце Делчев ќе се игра во среда поради настапот на македонскиот шампион во регионалната АБА лига.
Потсетување, бранителот на трофејот во Купот на Македонија, екипата на МЗТ Скопје го доби првиот натпревар во Штип со 91:64.
Завршницата на 23-то издание на кошаркарскиот Куп на Македонија ќе се одржи на 21 и 22 февруари 2015 година, а домаќинот ќе биде дополнително одреден.