Џентилони: Членството на Србија и Албанија во ЕУ е од стратешко значење

Од:

Членството на Србија и Албанија во ЕУ е од стратешко значење за стабилноста и безбедноста на цел Западен Балкан, изјави синоќа италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони по средбата со министрите за надворешни работи на Србија и Албанија Ивица Дачиќ и Дитмир Бушати.

Италија секогаш се борела за таа цел и ќе продолжи да игра значајна улога во тој поглед, нагласи Џентилони, пренесува Танјуг.

Џентилони истакна дека членството во ЕУ на Србија и Албанија е стратешка определба на италијанската влада, што го изнесе и премиерот Матео Ремци на крајот на шестмесечното претседавање на Италија со ЕУ.

Министрите за надворешни работи на Србија и Албанија Ивица Дачиќ и Дитмир Бушати присуствуваат во Италија на трилатерална средба со министерот за надворешни работи на Италија Паоло Џентилони.

Трилатералната средба е организирана на иницијатива на италијанскиот министер Џентилони и има за цел да помогне за стабилизирање на односите меѓу Белград и Тирана.

Српскиот министер Дачиќ нагласи дека треба да се работи на решавање на разликите со цел за јакнење на дијалогот и пријателските односи на двете земји. – Треба да се насочиме на тоа што не обединува, а не на тоа што не разделува. Дел сме од ист регион и се залагаме за исти проекти, истакна Дачиќ по средбата.

На трилатералната средба е разговарано за регионалната соработка во областа на енергетиката и инфраструктураат, како и стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонски макрорегион.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен