Во Словенија е изградена куќа со едноставен изглед и со компактна и монолитна структура, која претставува пример на комбинација на современи и традиционални архитектонски елементи.
Надворешноста на куќата изгледа круто и студено, но ентериерот е многу потопол и попривлечен. Интересен детал во ентериерот е примената на концептот „куќа во куќа“, кој е овозможен со употреба на дрвени структури со што секоја просторија наликува на мал засебн дом.
Во призмејето се сместени собата за дневен прстој, кујната и бања. Дневниот престој и кујната се единствен отворен простор со минималстички дизјан, при што се користени неутрални тонови и сиви нијанси во комбинација со акценти од дрво и бели детали.
На вториот кат, до кој се доаѓа преку дрвени скали, се наоѓаат спалната и детската соба и игротека. Двете соби потсетуваат на посебни дрвени куќички со кос покрив, уредени со минималистички стил на модерни и традиционални елементи и со неутрални бои и текстури.
Куќата има малку прозорци, ште е карактеристика на дизајнот во тој регион и придонесува за нејзин автентичен изглед.