Станот од 19 век се наоѓа во Барселона. Во процесот на создавањето на новиот дизајн на станот, архитектот ги врати оргиналните дрвени греди и камените ѕидови.
Материјалите што се користени во ентериерот на станот се чисти и вклучуваат камен и дрво, како и хидрауличниот мозаик што наликува на тепих. Борот е користен за гредите, а локалниот камен за ѕидовите.
Геометриската бела коцка е ставена во центарот на станот, а содржи кујна и бања. Ѕидовите на оваа структура не се до таванот.
Спалната соба иако мала изгледа многу отворена и светла.
Станот е светол и исполнет со природна светлина која продира од големите прозорци. Таа светлина навлегува и во ходникот и кујната.