Едно лице загина, 37 повредени во експлозија на бомба на Филипините

Од:

Најмалку едно лице загина, а 37 се повредени, кога експлодира бомба пред автобуско складиште на југот на Филипините, во пристаништето Замбоанга, изјави градоначалникот Марија Изабел Климако.

Климако рече дека локалните власти се сомневаат дека нападот го извршила терористичката група Абу Сајаф поврзана со терористичката мрежа Ал каеда.

Таа истакна дека експлозијата би можела да биде дел од планот на Абу Сајаф да се обид да спаси 57 свои членови, кои се наоѓаат во градскиот затвор во Замбоанга.

Абу Сајаф се состои од неколку стотици луѓе, блиски до Ал каеда, а ним им се припишуваат некои од најсмртоносните напади во филипинската историја.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски