(ВИДЕО) Чурилова: Незаконски поставената директорка ќе биде законски разрешена

Од:

„Советничката група на СДСМ и коалицијата, денеска во Советот на општина Центар ќе предложи заклучок за разрешување на незаконски поставената директорка на основното училиште „11 Октомври“.

До Градоначалникот беше доставен предлог за избор на директор од двајца кандидати за коишто членовите на училишниот одбор гласале два пати а дозволено е само еднаш“, изјави на денешната прес-конференција во име на советничката група на СДСМ и коалицијата во општина Центар, советничката Билјана Чурилова.

„Градоначалникот Андреј Жерновски го одби предлогот, но министерот за образование Абдулаќим Адеми изврши незаконскиот избор на директор на основното училиште во Центар. 

Општина Центар поднесе кривична пријава против против инволвираните во случајот заради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела: спречување за учество во управувањето, злоупотреба на службената положба и овластување и употреба на исправа со невистинита содржина.

Не е прв пат власта на Никола Груевски да направи директен упад во правата и надлежностите општина Центар“, рече Билјана Чурилова.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?