Импичментот за Шинаватра топ тема во светските медиуми

Од:

Одлуката на привременото Национално законодавно собрание на Тајланд да ја прогласи за виновна последната премиерка на Тајланд Јинглук Шинаватра, денеска е топ тема во светските медиуми.

Дури и локалните медиуми во Тајланд, кои поради цензурата воведена од воениот режим пренесуваат само бројки за гласовите и присутноста на парламентарната седница за импичментот, како „жешка тема“ ги пренесуваат вестите на „Њујорк тајмс“, „Волстрит џурнал“, лондонски „Тајм“, Би-Би-Си, Си-Ен-Ен и од голем број влијателни азиски медиуми.

Според првата реакција на „Њујорк тајмс“, одлуката на привремениот Парламент, именуван директно од воената хунта, ќе ги врати политичките тензии. Слично заклучува и „Волстрит џурнал“, според кој забраната за петгодишна политичка активност за Шинаватра ќе предизвика гнев и револт на нејзините бројни приврзаници и можен отпор против владеењето на конзервативните сили од армијата.

Лондонски „Тајм“ коментира дека со пресудата во импичментот ќе се зголемат непријателствата меѓу припадниците на работничката и средната класа кои ја поддржуваат Шинаватра и ројалистите што имаат поддршка во руралните средини.

Сингапурскиот „Стрејт тајмс“ констатира дека со оваа одлука Тајланд се оддалечува од можноста да се реши политичката криза. Овој весник ја пренесува и денешната најава на јавниот обвинител на Тајланд дека против Шинаватра ќе поднесе и кривична пријава до Врховниот суд, бидејки, според него, со одлуката за импичмент е докажано дека поранешната премиерка имала уддел во корупцијата поврзана со скандалот за распределба на 20 милијарди долари субвениции за оризопроизводителите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач