Во Тајланд отповикана поранешната премиерка

Од:

Парламентот во Тајланд изгласа отповикување на поранешната премиерка Јинглук Шинаватра по најавата дека обвинителството има намера да покрене обвинение за корупција против неа.

Како што пренесе „Франс прес“ за нејзино отповикување во Националното законодавно собрание гласале 190, од вкупно 220 пратеници.

Првата жена премиер во тоа кралство и сестра на поранешнот лидер Таксин Шинаватра поради отповикување од функцијата автоматски во наредните пет години нема да може да се занимава со политика, а поради обвинението за корупција би можела и да добие казна затвор во траење од 10 години.

Аналитичарите сметаат дека ова е последен обид на ројалистичката елита во државата, да го уништи влијанието на семејството Шинаватра, чија што партија ги доби сите избори од 2001 година.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач