Томе Серафимовски му донираше на ДПМ портрет од Хусто Хорхе Падрон

Од:

Академик Томе Серафимовски  му донираше портрет од шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон на Друштвото на писателите на Македонија, по повод 68 години од неговото формирање.

Падрон е добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, почесен член на ДПМ и член во надворешниот состав на Македонската академија на науките и уметностите.

Портретот на Хусто Хорхе Падрон ќе биде промовиран на свеченост на 13 февруари кога ќе се одбележи 68-годишнината од формирањето на македонската писателска асоцијација.

– Богатата збирка на уметнички слики и скулптури во Домот на македонските писатели содржи повеќе дела од академик Томе Серафимовски, меѓу кои се и потртетите на св. Климент, браќата Миладиновци и на литературниот критичар Димитар Митрев, информира ДПМ.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска