Парламентот не ја прифати оставката на претседателот на Јемен

Од:

Парламентот на Јемен не ја прифати оставката на шефот на државата Абед Рабу Мансур Хади и за денеска е закажа вонредна седница, на која ќе се разгледа ситуацијата во земјата.

Претходно оставка поднесе и јеменската Влада.

САД бараат потврда на информациите за оставките на претседателот на државата и на Владата на Јемен.

Претседателот и Владата поднесоа оставка во момент на длабока политичка криза во земјата.

Владата на премиерот Халед Бахак беше формирана во ноември од технократи и претставници од различни политички групи и одобрена од Парламентот во декември.

Шиитските бунтовници кои контролираат голем дел од Сана, ги поздравија отстапките на премиерот за поделба на власта. Тие се уште го држат претседателот како заложник во резиденцијата.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида