Шефот на Мосад ги негира тврдењата дека е против нови санкции кон Иран

Од:

Шефот на Мосад, Тамир Пардо ги негираше денеска тврдењата дека им рекол на сенатори од САД оти е против натамошни санкции за Иран додека траат преговорите со светските сили за нуклеарната програма на таа држава.

Во соопштението на Пардо се наведува дека имал состанок со сенаторска делегација на 19 јануари на нивно барање и со одобрение од изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Спротивно на тоа што е изнесено во јавност, шефот на Мосад не рекол дека е против воведување дополнителни санкции за Иран, се вели во соопштението.

Во него се додава дека „шефот на Мосад нагласил на состанокот дека ефикасноста на санкциите кон Иран во изминатите години е тоа што го донело Иран на преговарачка маса“.

Соопштението е издадено откако американски медиуми јавија дека Пардо заземал став спротивен на Нетанјаху, а тоа е дека натамошни санкции за Иран негативно би влијаеле врз преговорите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах ја „проби“ железната купола во близина на Тел Авив: Цел биле штабовите на Мосад

Шефот на тајната иранска служба бил израелски шпион

Предраг Петровиќ

Ројтерс: Мосад поставил експлозиви во пејџерите на Хезболах

Горан Наумовски

Турција приведе 33 лица осомничени за шпионажа за израелскиот Мосад

Горан Наумовски

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

Мосад ги охрабри Израелците да демонстрираат против Нетанјаху, открија тајните документи на Пентагон