Новинари од регионот со осуда до македонските власти за казната на Кежаровски

Од:

Новинарите од регионот преку отворено писмо ги осудуваат постапките на македонските власти и изразуваат поддршка за новинарот Томислав Кежаровски.

Го поддржуваме протестот на колегите новинари и медиумски работници во Македонија и остро ја осудуваме одлуката на Апелацискиот суд со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на 2 години затвор поради текст поврзан со нарачано убиство во селото Ореше, во близина на градот Велес, а објавен 2008 година во македонскиот весник „Репортер 92“.

Кежаровски во своите текстови открива како македонската полиција ја злоупотребува институцијата „заштитен сведок“. Нашиот колега не открил идентитет на заштитен сведок како што е напишано во пресудата.
Ние, како новинари, ги почитуваме законите, но самата пресуда не увери никого дека Кежаровски го прекршил законот со оглед на тоа што кога е објавено името на сведокот, истиот немал статус на заштитен сведок.

Кежаровски е осуден и затворен за непостоечко дело.

-Срамно и лицемерено е од македонските власти, кои себе си дадоа право да се огласат по повод трагичниот напад на редакцијата на сатиричниот француски весник „Шарли ебдо“, кој го обедини светот во борбата за право за јавно искажан збор и слобода на мислењето, само неколку дена подоцна, на брутален начин да го осудат новинарот затоа што си ја работел својата работа.
Свесни сме за фактот дека слободата на медиумите во земјите од регионот е загрозена години наназад и единствен начин да се одбраниме од коруптивните и криминализирани системи е да ја работиме нашата работа професионално и јасно и гласно да изразиме солидарност со колегите на кои поради нивната професионална активност неретко им се загрозени и животите.

Се придружуваме на апелот на Здружението на новинари на Босна и Херцеговина, и независното Друштво на новинари на Војводина, и како неформална мрежа на новинари во регионот, сметаме дека овој случај заслужува внимание од сите земји на кои човековите права им се важни, но првенствено од надлежни институции на Европската унија, ОБСЕ и Советот на Европа, кои ги повикуваме итно да се вклучат во решавање на овој случај и да извршат притисок врз македонските власти под итно да се ослободи нашиот колега.“

Борис Павелиќ (Хрватска)
Александар Трифуновиќ (БиХ)
Гордана Игниќ (Србија)
Вања Вардијан (Словенија)
Сеад Садиковиќ (Црна Гора)
Борјан Јовановски (Македонија)
Уна Хајдари (Косово)
Лина Вдовил (Романија)
Красимир Јанков (Бугарија)
Константинос Калергис (Грција)
Љутви Дервиши (Албанија)
Вукашин Обрадовиќ (Србија)
Ладислав Томичиќ (Хрватска)
Недим Сејдиновиќ (Србија)
Александар Манасиев (Македонија)
Билјана Жикиќ (Словенија)
Даница Вучениќ (Србија)
Елдин Хаџовиќ (БиХ)
Барбара Матејчиќ (Хрватска)
Жарка Радоја (Србија)
Игор Ласиќ (Србија)
Предраг Благоевиќ (Србија)
Елвир Падаловиќ (БиХ)
Динко Грухоњиќ (Србија)
Ана Петрушева (Македонија)
Ратко Фемиќ (Србија)
Илко Чимиќ (Хрватска)
Томаш Заниук (Словенија)
Ива Мартиновиќ (Србија)
Денис Латин (Хрватска)
Жељко Бодрожиќ (Србија)
Мојца Пашек (Словенија)
Бојан Цвејиќ (Србија)
Мелиса Скендер (Хрватска)
Јована Глигориевиќ (Србија)
Ана Беначиќ (Хрватска)
Драган Бурсаќ (БиХ)
Душан Комарчевиќ (Србија)
Свен Милекиќ (Хрватска)
Маја Исовиќ (БиХ)
Машенка Башиќ (Хрватска)
Миодраг Совиљ (Србија)
Милица Плавшиќ (БиХ)
Горан Борковиќ (Хрватска)
Весна Малишиќ (Србија)
Аријана Сарачевиќ-Хелач (Бих)
Светозар Раковиќ (Србија)
Бојан Анѓелковиќ (Словенија)
Катарина Паниќ (Хрватска)
Драгана Пеќо (Србија)
Петар Видов (Хрватска)
Марко Рудиќ (Србија)
Инес Сабалиќ (Хрватска)
Душан Гајиќ (Србија)
Боро Контиќ (БиХ)
Паулина Јануш (БиХ)
Јулијана Колева (Бугарија)

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ