Во италијанскиот главен град Рим утре ќе се одржи трилатерална средба на министрите за надворешни работи на Италија, Албанија и Србија.
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека ќе разговара со своите колеги од Италија и Албанија, Паоло Џентилони и Дитмир Бушати околу напорите за стабилизирање на регионот. Тој, исто така, не ја исклучи можноста и за отварање на „непријатни теми“ со албанскиот министер.
– Темата сигурно ќе биде желбата на Италија да помогне за добрите односи меѓу Србија и Албанија, бидејќи Рим има добри односи и со двете земји, објасни Дачиќ.
Тој оцени дека е потребно Србија и Албанија да избегнуваат ситуации кои ги враќаат во минатото и дека двете земји да се свртат кон иднината и заедничкиот европски пат.