Директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Александар Вулин изјави дека платформата за Косово ќе биде претставена за брзо време.
„Не е во ред да се префрла теретот за европската интеграција на Србите од Косово, да се создава од нив некаква пречка која стои на патот кон ЕУ. Во Европската Унија ќе влеземе заедно, или нема ни да влегуваме воопшто“, изјави Вулин за агнецијата Танјуг.