(ВИДЕО) СДСМ: Не проветрувајте не е мерка, Трајановски и власта играат со здравјето

Од:

Скопје стана европски шампион според загадување на воздухот, а скопјани добија татковски совет од грижливиот градоначалник да седат дома, да не проветруваат, да не палат оган и да не се возат со моторни возила, вели Пеце Мирчески, претседател на Комисија за животна средина на СДСМ.

Во продолжение додаде:

Вака „модерно“ ли се штитат од загадувањето и Берлин, Брисел, што ги нема никаде по листите? За Скопје, како најзагаден европски град, информираа дури и европските медиуми. Само за споредба, Сараево е на 12 место, а Белград, на пример на 22 место.

Ниту едно предупредување, ниту совет, што го упативме до властите, нудејќи им начини за надминување на проблемот со загадувањето, не е земено предвид.

Луѓето се болни. Болниците се полни.

Загадениот воздух достигнува 4 – 5 пати повисоки концентрации на опасните ПМ10 честички во главниот град. Ова се вчерашни официјални информации од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тоа што Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ го нарекуваат „мерки за намалување на загадувањето“, не се ни приказни за мали деца. „Не излегувајте надвор и не отворајте прозорци“ не е мерка! Отровот секако ни влегува дома! Згора на тоа, овие препораки и совети директно се косат со препораките на лекарите за проветрување на просториите во услови на, исто така растечки, инфекции и грип.

-Ако се тврдеше дека „Макстил“ е најголемиот проблем, а тој нели наводно не работи, од каде толкаво загадување?

-Кои се капацитети во и околу Скопје што загадуваат?

-Кога последен пат се направени контроли?

-Каде е хемиската супстанција на Трајановски којашто требаше да се нанесе на скопските улици за да ги “фаќа“ загадувачките супстанции од возилата? Дали е нанесена и каде се резултатите? Или и тоа беше само еден од многуте тендери без ефект?!

Заради граѓаните на Скопје и на Македонија, бараме итно:

Да се преиспита таканаречената Мерка од прв степен, којашто всушност е само една обична молба;

Да се засилат контролите на возилата и да се исклучат од сообраќај сите без еколошки стандарди;

Да се следи континуирано работењето на сите инсталации во градот Скопје, затоа што во законот не постои термин „крајна претпазливост“, туку постои обврска за постапување и санкција;

Да се известува редовно, барем еднаш неделно, кои капацитети загадуваат и како тоа е санкционирано;

Да се засилат контролите за тоа дали инсталациите работат во согласност со издадените А и Б еколошки дозволи, дали вршат редовно мерење на испуст, дали работата во согласност со плановите за управување со животната средина, дефинирани во елаборатите за заштита на животната средина или студиите за оцена на влијанијата врз животната средина.

Граѓаните не можете да ги лажете. Тие се загрижени за нивното здравје и заради тоа вие мора да им дадете одговори, но и да преземете конкретни мерки веднаш и сега.

Секаде во Европа има и магла и временски неприлики.

Во Скопје и Македонија има неприлика плус. Тоа е власта на ВМРО-ДПМНЕ којашто го доведе во ризик здравјето на граѓаните за свои тесни интереси.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа

СДСМ: Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на Мицкоски

Лефков: Иако се сликаа во авионот носејќи го датумот за почеток на преговори со ЕУ, СДС не оддалечи уште толку од вратите на Унијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Уште колку пукања и убиства треба да се случат за Тошковски да си поднесе оставка?

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ бара одговорност по скандалите во ЈПДП и злоупотребата на патарините