Над 5.000 луѓе се убиени од април досега во судирите меѓу армијата на Киев и проруските сепаратисти, изјави портпарол на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
– Ситуацијата навистина се влошува. Тоа се гледа според зголемениот број жртви. Според податоци на ОН, жртвите се 5.000, а има и 10.000 ранети, рече Мајкл Бочуркив, портпаролот на мисијата на ОБСЕ во Украина.