СДСМ: Секое појавување на Шилегов во јавноста предизвикува сериозен проблем за ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Секое појавување во јавноста на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, предизвикува сериозен проблем за ВМРО-ДПМНЕ.

Синхронизираните напади насочени кон портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, со штанцање тужби и со преку манипулативни прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ, нема да ја спасат власта на Никола Груевски од обелоденувањето на вистината за нејзиното криминално владеење.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, уште еднаш, по четврти пат, јавно ги повикува Никола Груевски, Зоран Ставревски и Миле Јанакиевски, сите заедно или поединечно, да соберат храброст и да одберат време, место, медиум и водител, и јавно да се соочат.

Граѓаните имаат право да ја знаат вистината, и за конструкциите и измислиците на ВМРО-ДПМНЕ, но и за криминалите на тесната група во врвот на власта.

Со молкот, и Груевски, и Ставревски и Јанакиески потврдуваат дека стравот од јавно соочување е всушност страв од граѓаните и вистината за нивното криминално владеење, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат