Во петокот вечерта во Брисел се убиени мајка и нејзините три деца, на возраст од три, пети и седум години. На сите жртви им бил пресечен вратот. Беживотните тела ги пронашол сопругот и татко во петокот кога се вратил од работа, во својот дом во Брисел. Семејството е по потекло од Индија.
39 годишниот Јасбир Сајнг им раскажал на белгијските медиуми, како се загрижил бидејќи сопругата не му одговарала на телефон, па напуштил порано од работа и тргнал дома да види што се случува.
КОга влегол во станот, било темно и на неговите повици никој не се одповикал. Кога го запалил светлото здогледал крв насекаде и телата на својата жена и трите деца.
Соседите рескажале дека сите во семејството биле добри и учтиви луѓе, кои живееле хармонично.
Таткото во Белгија дошол пред 15 години, а сопругата му се придружила пред 5.
Бидејќи на влез на станот полицијата не нашла никакви докази кои ќе индицираат на насилно влегување, се сомневаат дека зочинот е поврзан со приватни семејни проблеми.
.