Јакуп Красниќи се повлекува од политиката

Од:

Поранешниот претседател на косовскиот парламент и актуелен пратеник од редовите на Иницијативата за Косово Јакуп Красниќи се повлекува од политичкиот живот.

Во соопштението до јавноста, откако се заблагодарува на своите поддржувачи информира дека се откажува од пратеничкиот мандат и целосно се повлекува од политичкиот живот.

„Од срце им благодарам на сите оние кои ми веруваа. Во јануари 2015 година наполнив 64 години, од нив дури 42 години бев политички ангажиран, од времето на илегалното организирање на револуцонерната група на Косово, косовската војна па до денес, со исклучок на периодот од петти април 1981 до 23 јули 1991 година кој го минав во затворите во тогашна Југославија“, пишува меѓу другото Красниќи.

Тој понатаму нагласува дека смета дека доста е со политичката ангажираност и оти е време местото во парламентот да му го отстапи на друг. Се додека здравствената состојба ми дозволува, наведува Красниќи, на располагање сум своето политичко искуство да го ставам во служба на граѓаните и политичкиот субјект, Иницијативата за Косово.

Красниќи на чело на косовскиот парламент беше во минатиот состав како пратеник од Демократската партија на Косово, но поради несогласувањата со политиката на лидерот Хашим Тачи, ја напушти партијата и заедно со Фатмир Лимај ја формираа иницијативата за Косово.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица