Оланд и Обама за нападите во Париз и ситуацијата во Нигерија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама телефонски разговараше со претседателот на Франција Франсоа Оланд, за истрагата за неодамнешните терористички напади во Париз и поддршката на мирни избори во Нигерија, соопшти Белата куќа.

– Претседателот Обама ја потврди подготвеноста да обезбеди секаков вид помош потребна на француската Влада, се наведува во соопштението на Белата куќа во врска со истрагата за нападот врз „Шарли ебдо“ во кој на 7 јануари се убиени 12 луѓе, додека четворица се убиени во нападите на исламистичките екстремисти во наредните денови.

Белата куќа додава дека двајцата претседатели разговарале и за ситуацијата во Нигерија и се согласиле да соработуваат со други членови на меѓународната заедница, за да обезбедат во Нигерија да бидат одржани мирни и фер избори, како и да ја поддржат регионалната стратегија во борбата против екстремистичката група Боко харам.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот