Собранието ќе ги утврдува предлог-уставните амандмани

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи продолжението на 30-тата седница на која треба да се изјасни за осумте предлог-амандмани на Уставот.

Пратениците најпрво ќе гласаат за утврдување на уште четири од предлозите за што е потребно обично мнозинство, а потоа со 82 гласа односно двотретинско мнозинство ќе се гласа поединечно за секој од предложените амандмани. Двотретинско мнозинство е потребно и за изгласување на Уставниот закон.

На вчерашната седница Собранието ги утврди предлог-амандманите  XXXIII, кој се однесува за бракот, и XXXIV за меѓународните финансиски зони,  XXXV со кој се менува називот на Народната банка на Република Македонија во Банка на Република Македонија и XXXVI со кој Државниот завод за ревизија станува уставна категорија, а ја заврши и расправата за  XXXVII амандман со кој се одредува дефицитот на Буџетот на Република Македонија да не може да го надмине прагот од три проценти, а јавниот долг да не може да биде поголем од 60 проценти од бруто домашниот производ.

Останува да се доразгледаат амандманите кои се однесуваат за одлучување по уставна тужба поднесена од физичко или правно лице, како и за начинот на работа и постапката пред Уставниот суд.

По завршувањето на собраниската седница за Предлог-уставните амандмани ќе се одржи продолжението на 11. седница на Собранието на која единствена преостаната точка е Дополнетиот предлог закон за прекршоци, во второ читање.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски