Претставниците на Грчките општини не го ставија својот потпис на договорот за прогласување за Биосферен резерват на регионот Охрид-Преспа под заштита на УНЕСКО,а кој го опфаќа подрачјето околу Охридското и Преспанското езеро. Грчката страна не се појави во Корча каде договорот беше потпишан, иако вратата за нив и понатаму останува отворена. Договорот нема никаква политичка цел и заднина туку има за цел подобрување на условите за живот на околу 200.000 жители кои живеат во овој регион кој е богат со културно и природно наследство.Сите присутни изразија жалење од неприсуството на колегите од грчката страна, кои се значаен дел од регионот на Охрид и Преспа. Кои се причините за нивното недоагање никој официјално не сака да коментгира
„Иницијативата на Билатералниот Секретаријат е остварување на првиот член од билатералниот договор каде во точка 2 стои дека Македонија и Албанија ќе се залагаат за прогласување на прекуграничен биосферен резерват Охрид-Преспа под УНЕСКО. Ние тоа го исполнивме и одиме натаму со процесот и апликацијата до УНЕСКО.Секако вратата е отворена во секој момент да се приклучи и грчката страна на секое ниво што уште повеќе би го зајакнало процесот“ рече за А1, Дејан Пановски од Билатералниот комитет за заштита на Охридското езеро
На 2 октомври во Горица, Албанија, својот потпис на договорот треба да го стават министрите за животна средина на Македонија, Албанија и Грција. Но сега останува отворено прашањето дали грчкиот министер за живтона средина ќе се појави на средбата по гестот на преставниците на грчките општини од регионот.
Мики Трајковски