ФОТО: Фрлањето на бурињата по повод Денот на рибарите во Охрид предизвика реакции кај посетителите

Од:

Во Охрид, денеска традиционално беше одбележан Денот на рибарите. Традиционално, во водите на Охридското Езеро се фрлаа пет буриња со вино од кои, четири беа со бело вино, а едно со црвено. Дваесетгодишниот студент, Климент Довлев од Охрид беше најсреќниот денеска и прв доплива до бурето со црвено вино.

DSC02775

Тој како подарок од Здружението „Богојавление“ доби реплика од светиот крст кој традиционално секоја година се спушта во Охридското Езеро по повод еден од најголемите христијански празници, Богојавление – Водици, како и други пригодни подароци.

DSC02797

Фрлањето на бурињата во близина на бродовите и кајчињата кои беа покрај градското пристаниште, а не во близина на капачите предизвика револт кај негативни реакции кај посетителите и кај оние кои скокаа по бурињата во ладните води на Охридското Езеро. Додека дел од капачите чекаа од брегот бурињата да бидат фрлени во водите, друг дел од капачите беа во кајчињата и бродовите и полесно стигнаа до бурињата.

DSC02806

Традиционално, и годинава се подготвуваше рибната чорба од неколку тони, која и годинава ја подготвуваа од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, додека пак спонзор на годинешната чорба беше хотелот „Тино“.

DSC02811

DSC02770

 

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум