Кежаровски пристигна на протестот пред Апелација. Колегите го пречекаа срдечно – Кежаровски е денеска со нас.
Мора да биде признаено од судот дека е невин, рече Чаусидис.
Демонстрантите држејќи бели балони, на кои што се испишани пораки за ослободување на Кежаровски, одат кон владата бидејќи како што беше речено на собирот, таму лежи коренот на сите проблеми со слободата на медиумите и изразувањето во Македонија.