Тодор Петров преку МТВ повика на војна со Грција, убиството никој не го потврдува

Од:

„Упатуваме порака до владата во Атина: Грција или ќе се пресмета со фашизмот и неонацистичката златна Зора или Грција нема да ја биде. За Македонците смртта на Александар Самарџиев е провокација за војна. Апелираме до власта да ја заштитат фамилијата на Самарџиеви, и на Александар и на Силјан и да ги преземат сите законски средства против сторителите на ова убиство“.

Ова доцна синоќа во вестите на јавниот сервис го кажа претседателот на светскиот македонски конгрес, Тодор Петров

Тодор Петров останува единствен што ја потврди информацијата, дека Александар Самарџиев, студент во Солун бил претепан од активисти на Златна Зора, поради закана да го смени презимето, и дека подлегнал на повредите.

Изворот на информацијата , братучедот на Самарџиев, Стилјан, уште од вчера е недостапен за официјална потврда и повеќе детали.
Од МНР се повикуваат на Стилјан Самарџиев, жител на селото Крашодари во Лерин. Тој му ја пренел информацијата на Тодор Петров, за претепувањето и смртта на неговиот братучед Александар Самарџиев. Стилјан е во бегство, а „Виножито“ негира дека е регистриран таков настан.

Во меѓувреме и активисти на „Златна Зора“ негираат дека таков настан се случил и најавија „кривична пријава за Стилјан Самарџиев поради манипулација на граѓаните, и рекоа дека ќе побараат забрана за влез во Грција на Тодор Петров и новинарите кои свесно ја ширеле дезинформацијата“.

Од „Златна Зора “ посебна критика упатуваат до МТВ која „се служи со непроверени информации и лаги за свесно да направат штета во односите меѓу двете земји“, велат од партијата за А1.

Целиот настан е искористен за повик за протести преку Фејсбук, денеска пред Грчката амбасада во Скопје

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски