ВИДЕО: Европските новинари се згрозени од затворањето на Кежаровски

Од:

Во пресрет на протестот за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски, кој ќе се одржи на 20. јануари во 12 часот, пред Апелациониот суд во Скопје, неговите колеги од цела Европа упатија порака за солидарност.

Знаеме дека оваа судска одлука е неправедна и сите европски новнари ќе се солидаризираат со колегата Кежаровски.

– Шокирани сме и вџашени што Томислав е повторно вратен во затвор. Ова не може да се случува во Европа, во Македонија, која е кандидат за ЕУ. Ние ќе направиме се’, тој да излезе од затвор, вели во видео пораката, Рената Шредер, директор на Европската федерација на новинари.

И ние утре ќе бидеме на улица и ќе протестираме за Кежаровски, вели Антони Белангер од Европската федерација на новинари.

Досега поддршка и вклучување во протестот за ослободување на новинарот Кежаровски најавија голем број домашни и странски организации.

Видео пораките на новинаите од Европската федерација на новинари е објавено на фејсбук страницата. за утрешниот протест против затворањето на Кежаровски.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ