Бунтовниците ги зазедоа јеменските државни медиуми, две лица загинаа во судирите

Од:

Шиитската бунтовничка група Хути го зазеде денеска седиштето на државната телевизија и националната новинска агенција САБА, по остриот судир на јеменската војска и бунтовниците во близина на претседателската палата во Сана, кога најмалку две лица беа убиени, а 14 се ранети.

Јеменскиот министер за информации Надиа ал Сакаф потврди дека бунтовници ги зазеле државната информативна агенција САБА и државната телевизија, означувајќи го тоа како „чекор кон преврат“.

Најновиот чекор на бунтовниците следеше, откако јеменскиот претседател Абед Рабо Мансур Хади постигна договор со претставниците на Хутите за прекин на огнот.

Иако претставник на Хутите го потврди извештајот на државната телевизија за прекин на огнот, конвојот на јеменскиот премиер беше цел на напад со огнено оружје од страна на бунтовниците по состанокот со претседателот Хади и претставници на Хутите, потврди министерката Ал Сакаф.

Таа на својот налог на Твитер наведе дека борците пукале од контролниот пункт во центарот на Сана во рамки на продолжените судири меѓу шиитските милиции и војската и додаде дека премиерот Халед Бахах не е повреден во нападот.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

Хутите нападнаа брод во Црвеното Море, екипажот е евакуиран, се трага по исчезнат морнар