Неколку стотици Авганистанци го изгореа денеска француското знаме и скандираа „Смрт на Франција!“ на митинг во Џалалабад во знак на протест против објавувањето на карикатури на пророкот Мухамед во весникот „Шарли ебдо“.
Демонстрантите во престолнината на источната провинција Нангархар, претежно млади мажи, побараа да биде затворена француската амбасада во Кабул, а владата во Париз да се извини на муслиманите.
Во Авганистан веќе трети ден по ред има протестни митинзи против францускиот сатиричен неделник.