Александар Поповски го извади крестот во Пехчево

Од:

Празникот Богојавление во Пехчево се одбележува со црковни богослужби и народни обичаи.

Утрово во храмот „Св. апостоли Петар и Павле„ беше одржана света божествена литургија.

Од таму литијата се упати на кејот на река Писа во центарот на Пехчево, каде се собраа стотици верници од градот и околните села.

Од осветените води на Писа крстот го извади младиот Александар Поповски, кој од градоначалникот Игор Поповски беше даруван со телевизор.

Според народните обичаи во Пехчево денеска се прави богојавленска визита во домовите на сите што го носат името Војо, Воислав, Војка, Јордан, Орце, Јорданка, Данчо, Данка… каде гостите ги поздравуваат домаќините со изразот Бог се јави – Навистина се јави.

Славениците ги почестуваат гостите со греана малешевска ракија, сирење и други локални специјалитети.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгоре единственото противпожарно возило на пожарната од Пехчево

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Нов пожар кај Пехчево

Китановски: Три хеликоптери се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Пехчевско

Горан Наумовски

Пекевски: Се чекаат резултати по информацијата за појава на салмонела во детската градинка во Берово

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он