Најмалку четири лица загинаа кога бомбаш-самоубиец го разнесе автомобилот денеска паркиран на автобуска станица во нигерискиот град Потискум.
Четириесет и осум лица се повредени во нападот, соопштија полициски и болнички извори.
Градот Потискум е економска престолнина на државата Јобе и досега повеќепати бил мета на напади на радикалната исламистичка група Боко Харам.
Станува збор за сличен напад од почетокот на месецот, а минатата недела мета беше преполн пазар во Потискум.
Нападот тогаш го извршија две жени самоубијци, од кои за едната се претпоставува дека имала само 15 години.
Бруталните акции, масакри и напади на бомбашите самоубијци и киднапирања на Боко Харам, го однесоа животот на најмалку 13.000 луѓе.
Околу милион и половина Нигеријци побегнале од своите домови во страв од терор на екстремистите.
Соседните земји – Камерун, Чад и Нигер побараа позасилена активност против радикалните исламисти, а Чад меѓу првите упати војска во Нигерија за да на властите на земјата им помогне да ја вратат контролата.