Министерството за култура напиша долго соопштение, вообичаено кога немааат аргументи, полно со навреди и напади. Ама во зборовите во 32-та реда, избегнаа бројки. Нема ниедна. Го напаѓаа СДСМ, ме напаѓаа мене, но не оспорија ниту еден податок. Не најдоа ниту една грешка. Затоа што не можат – се е точно и докажано, рече Петре Шилегов.
Министерството за култура во вчерашната пишана реакција само потврдува дека објектите во Скопје 2014 се и до 6 пати поскапи од планираното!
Цените на поединчени објекти се до 35 милиони евра повисоки од ветените.
Зградите и ентериерот се поскапи, на пример, од еден од најпознатите современи музеи, овој, музејот Гугенхаим во Билбао, прогласен за можеби најважно современо дело во архитектурата, којшто во првите три години и донесе на локалната економија околу 500 милиони евра.
Зошто е така?
Зошто Министерството за култура не одговори: Како се случи Музејот на ВМРО да биде 15.000.000 евра поскап од најавените 4.500.000 евра?
Еве една причина: повеќе од половина од оваа разлика, над 8 милиони евра (8.155.925) се потрошени на договори во четири очи. Повеќе од половина! Од вкупно 150 склучени договори, дури 130 се договори склучени во четири очи!
Прашавме, а власта на Груевски не одговори: Зошто Стариот театар е дури 6 пати поскап од најавеното?
Еве една, иста причина: повеќе од 5 милиони евра (5.463.674) власта на Груевски потрошила за договори без отворена постапка!
За Државниот архив, власта на Груевски потрошила над 30 милиони евра (30.126.653) за договори без отворена постапка!
Нема објект од Скопје 2014 што поминал без анекс!
Од сите достапни договори, според официјалните документи, дури над 60 проценти од договорите се без отворена постапка. Само околу третина од договорите, се доделени низ отворена постапка.
Од достапните, над 800 договори, само 276 се со отворена постапка.
Значи, договор во 4 очи завршува со 4 пати повисока цена од планираната.
Што повеќе договори во четири очи – толку повисока цена.
Колку повеќе анекси – толку поголема сума.
Денеска е веројатно уште појасно од вчера, зошто бунарот е без дно.
Очигледно некој цица огромни пари, што ги испумпува преку анекс-договори и тендери со еден понудувач!
Ова се сериозни индиции за незаконски потрошени милиони евра народни пари.
Дури и Европската комисија и Фридом Хаус, Проектот Скопје 2014 и тенредската процедура ги ставија во категоријата на корупција.
СДСМ ќе продолжи да разобличува, по што е најголем Проектот Скопје 2014.