Неутрализирано лице кое учествувало во борби во Сирија

Од:

Во руската република Кабардино-Балкарија е неутрализирано лице, поврзано со сомнителни криминални активности, кое учествувало во борби во Сирија, соопшти прес-центарот на Националниот антитерористички комитет.

Лицето им било познато на службите за безбедност. Тој е жител на Кабардино-Балкарија и учествувал во борбени дејствија во Сирија во составот на терористички организации и завршил обука за поставување мини и експлозиви.

Како прв човек на меѓународната терористичка организација „Имрат Кавказ“ тој бил испратен во Северен Кавказ за да организира терористички активности во составот на криминална група.

Во главниот град на оваа руска република Налчик синоќа беше воведен режим на контратерористичка операција. Режимот беше укинат изутринава.

Припадниците на силите за безбедност во текот на операцијата заминале на адреса, на која се криел осомничениот. Тој им пружил отпор со автоматско оружје и гранати, по што бил неутрализиран. На местото каде се криел пронајдени се огнено оружје, големи количини муниција и гранати, како и лабораторија за изработка на експлизиви.

Во операцијата нема настрадани граѓани, ниту припадици на силите за безбедност.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија