Во Јемен уапсени двајца Французи поврзани со Ал Каеда

Од:

Двајца Французи, поврзани со групацијата Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, беа уапсени во Јемен, изјави висок претстставник на силите за безбедност.

– Изминатите два дена беа уапсени двајца француски граѓани под обвинение за членство во Ал Каеда, изјави директорот на Службата за национална безбедност, генерал Мохамед Ахмади.

– Ал Каеда во Јемен има околу илјада активисти од 11 арапски и неарапски земји, изјави тој пред новинарите во Сана, без да прецизира дали апсењето е поврзано со нападите во Франција, кои се случија минатата недела.

Ал Каеда на Арапскиот Полуостров ја презеде одговорноста за нападот врз францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, во кој загинаа 12 лица.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата