Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски го осудува затворањето на новинарот Томислав Кежаровски и повикува сите да излезат на протест во вторник пред Апелацискиот суд.
Еве што напиша Жерновски:
Ноќе, итно, вон стандардните процедури, пред празник, новинарот Томислав Кежаровски е однесен во затвор. И само затоа што се „дрзна” да пишува за слободата. Погазени се базичните вредности во една држава- слободата и демократијата.
Токму затоа, заедно со новинарите, да застанеме во одбрана на нашите основни права.
Јас нема да можам да ги погледнам моите деца, ниту граѓаните, во очи, доколку не присуствувам и не го поддржам протестот.
Ве повикувам, без разлика од каде доаѓаме, која националност или партија сме, СИТЕ ЗАЕДНО да дојдеме во вторник, во 12 часот, пред Апелацискиот суд.
Не се работи само за Томислав, се работи за сите нас!!!