Продолжен притворот за 12-те уаспени лица во истрагата за атенатите во Франција

Од:

Мерката притвор им е продолжена на 12 лица во рамките на истрагата за атенатитет кои ја потресоа Франција во текот на минатата недела, јави дописникот на МИА од Париз.

Овие лица беа уапсени во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот во парискиот регион за да бидат сослушани за „можната логистичка подршка“ која можеби им ја дале на терористите, како на пример со снабудавање со оружје и автомобили, посебно на Амеди Кулибали, лицетот кое зеде заложници и уби четворица од нив во самопослугата во порт де Вансан во Париз на 9 јануари.

Нивниот притвор е продолжен за 24 часа, и повторно може да биде продолжен за уште 48 часа.

Меѓу уапсените се осум мажи на возарст од 22 до 46 години и четири жени од 19 до 47 години. Жените се сопруги на четворица од притворените. Стазнува збор за лица кои им се познати на француската полиција најмногу за криминални дела, соопшти вчера министерот за внатрешни работи Бернар Казенев.

Операцијата на полицијата во која тие беа уапсени беше извршена во градовите каде живеаа извршителите на атентаите, ккако Монтруж, Шатене-Малабри, Грињи, Флери-Мерожис и Еоине-сур-Сен.

Според полициски извори, истражните органи деновиве влегле во пистата на повеќе лица откриени со нивната ДНК и телефонските прислушувања во опкружувањата на браќата Куаши, убијците во весникот Шарли Ебдо и пред се на Амеди Кулибали.

ДНК отпеачтоци биле откриени во автомобилот Меган Сеник кој бил користен од Кулибали за да пристигне во самопослугата во порт де Вансан. Клучевите од автомобилот биле пронјадени на телото на убиецот, исто како и клучевите од еден мотоцикл од марката Сузуки.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата