Оланд ја брани „слободата на изразување“ наспроти антифранцуските протести по новата карикатура на Мухамед

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд ги потсети земјите во кои се протестираше против карикатурата на Мухамед на насловната страна на „Шарли ебдо“ дека „Франција има принципи и вредности“ и дека „меѓу тие вредности се вбројува и слободата на изразување“, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Оланд оваа изјава ја даде на пазарот во Тул во Корез, при што тој потсети дека „овие земји Франција ги поддржа во борбата против тероризмот“.

Запрашан од новинарите за запалените француски знамиња на повеќе демонстрации, посебно во Африка, Оланд одговори: „не е завршено со ваквото однесување, потребно е тие да бидат казнети, бидејќи кога тие се случуваат во Франција се нетрпеливи, но исто така и во странство“.

– Мислам посебно на овие земји кои не можат да сфатат што е слобода на изразување бидејќи таа им е ускратена. Но исто така, овие земји ги поддржавме во борбата против тероризмот, и јас ќе им ја изразам мојата солидарност, но истовремено, Франција има принципи и вредност и меѓу нив се вбројува и слободата на изразување, додаде францускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата