Мијатовиќ: Кежаровски итно да биде ослободен

Од:

Дуња Мијатовиќ, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, го осуди спроведувањето на новинарот Томислав Кежаровски во затвор, каде треба да ја одлежи казната од две години, што му ја додели Апелациониот суд.

„Неприфатливо е Кежаровски да биде и понатаму лишен од слобода. Од секогаш сум го признавала владеењето на правото и работата на судството, но ова што се случи синоќа со апсењето е многу разочарувачко и несоодветно“, вели Мијатовиќ.

По пет месеци поминати во притвор, Кежаровски, во октомври 2013 беше обвинет за натпис што го напишал во 2008 година во магазинот „Репортер 92“ во кој наводно открил идентитет на заштитен сведок во случај на убиство. Од тогаш беше во куќен притвор.

По жалбата на пресудата, неговата казна од 4,5 години затвор, беше намалена на две години, а треба да ги одлежи преостанатите месеци, кои се компензираат со притворот. На 16 јануари вечерта, тој беше одведен од дома во затвор.

„Затворањето новинари за она што го рекле или напишале е неприфатливо во демократии. Затворањето на Кежаровски е опасно за слободата на медиумите и истражувачкото новинарство“, вели Мијатовиќ.

Крајно време е властите во земјата да го намалат притисокот врз медиумите и да имаат почит за слободно и критичко размислување, Кежаровски треба веднаш да биде пуштен, порачува Мијатовиќ.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ

Кежаровски повикан во полиција заради учество во „Шарената револуција“

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: За Велија, Љубе, Кежаровски лесно се определуваше притвор, но не и за Миле и Темелко

Ана Ололовска