Со одигрување на пет натпревари синоќа беше комплетиран третиот круг во кошаркарската Евролига.
Реал, Олимпијакос и ЦСКА се со максимални три победи, а на позитивен резултат се уште чекаат Црвена звезда и Уникаха.
Постигнати резултати: Фенербахче – Олимпијакос 68:74, Лаборал – Нижњи Новогород 81:74, Панатинаикос – Жалгирис 77:58, Црвена звезда – Галатасарај 65:74 и Уникаха – Армани 77:84.
Табела Е група: Реал Мадрид 3-0 (победи-порази), Панатинаикос 2-1,Макаби 2-1, Галатасарај 2-1, Барселона 1-2, Жалгирис 1-2, Алба Берлин 1-2 и Црвена звезда 0-3.
Табела Ф група: Олимпијакос 3-0, ЦСКА Москва 3-0, Анадолу Ефес 2-1,Фенербахче 1-2, Нижњи 1-2, Лаборал 1-2, Армани Милано 1-2 и Уникаха 0-3.