СДСМ: Насилството што се случува врз Кежаровски е врв на беззаконието

Од:

„Режимот на Груевски, налик на оние во Северна Кореја или Белорусија, со судско-полицискиот инструмент со којшто владее, кон новинарот Томислав Кежаровски постапи како што во една демократска држава не се постапува дури ни кон докажани криминалци.

Скандалозно е, во услови кога пресудата не е доставена до странките во постапката, адвокатите на Кежаровски и до новинарот, Томислав Кежаровски насила, во доцни вечерни часови, да биде земен од дома со полиција и однесен во затвор.

Праксата во Македонија не познава толку експресно извршување на судска предсуда.

Насилсвото што се случува врз Кежаровски е врв на беззаконието и страотен удар врз слободата на изразување во Република Македонија.

За прв пат во независна Македонија еден новинар е осуден на затворска казна за јавно изречен збор.

Груевски и неговите соработници ќе одговараат за злосторот што им го прават на граѓаните и на државата.

СДСМ ова им го ветува на граѓаните на Република Македонија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?