Полицијата е пред вратата на домот на новинарот Томислав Кежаровски за да ја реализира одлуката на Апелацискиот суд кој што го осуди на 2 години затвор и да го спроведе Кежаровски во затвор, дознава А1 он.
Зошто новинарот се спроведува вон работно време и пред празник?
Тој претходно беше осуден на 4,5 годишна казна беше во притвор па потоа во домашен притвор, а сега му остануваат уште 3 месеци и 10 дена за доизвршување на казната.
Како што велат неговите адвокати, случајот ќе стигне до судот за човекови права, дека осуден новинар за 2 објавени текста е преседан.
Денеска новинарите најавија протест во вторник. Бараат чесни судии и ослободување на Кежаровски.
Според нив, само еден ден затвор за невин новинар е премногу и ова прави голема штета врз слободата на медиумите. Македонија оваа година падна уште подолу на листата на Репортери без граници за слободата на медиумите.