Револт од ниската откупна цена на млекото искажаа сточарите од делчевскиот крај, кој на протест дадоа рок од три дена на откупувачите да ја определат цената на 21 денар за литар.
Трите откупни компании сега го откупуваат млекото за 16 и 17 денари, што за сточарите е цена со која не можат да си ги покријат трошоците.
Откупните компании сметаат дека барањето е нерално, бидејќи цената е формирана според условите на пазарот, но пред се тоа е резултат на дампинг цените во конкуренцијата.