Германските безбедносни агенции во состојба на готовност

Од:

Двајцата членови на Исламска држава кои што беа денеска уапсени во Германија не планирале терористички акциии, потврди денеска германската федерална полиција.

Двајцата исламски радикали кои што се на возраст од триесетина години имале врски со келии на ИД. Истрагата против нив траела пред една година а планирањето за нивно апсење започнала пред неколку недели, изјави полицискио портпарол Стефан Редлих.

Европски разузнавачки извори за телевизијата Си-Ен-Ен тврдат дека постојат индиции за директиви издадени од лидерите на ИД насочени кон повратници од Сирија и Ирак. Според нив повратниците треба да започнат напади на европска почва во знак на одмазда за авионските напади на западната коалиција во Ирак и Сирија.

Заканите се насочени пред се кон Франција, Велика Британија и Белгија но и кон Германија. Сите овие земји се дел од западната коалиција која што е вклучена во битката против ИСИС. Според истиот извор тоа е причината што антитерористичките капацитети на Германија се пог зголемена будност.

Би можело да ве интересира

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија