(ВИДЕО) Ковачевски: РЕК Битола е пред колапс, од ЕЛЕМ да поднесат оставки!

Од:

СДСМ на прес конференција денеска го праша раководството на ЕЛЕМ и власта:

-Дали РЕК Битола е пред колапс?

Од вчера повторно не работи Блок 2 на рударско – енергетскиот комбинат. Само пред две недели беше последниот испад на Блок 2, на 2 јануари, рече Васко Ковачевски.

Поради дефект, надвор од функција до пред 5 дена беше Блок 1! Цели 105 дена! Од 6 октомври до 11 јануари!

Последниот испад на Блок 3 беше пред 5 дена!

Поради испадите, во ризик се вработените во комбинатот, затоа што со вакви дефекти РЕК Битола е како темпирана бомба.

Во моментов, во бункерите за складирање има јаглен само за 3-4 дена работа на сите блокови заедно.

Квалитетот на доставениот јаглен е под минималните стандарди, се транспортира земја и кал, а се надоместува со користење мазут. Ако во 2004, 2005, 2006 година, во просек се користеа 13.000 тони мазут на годишно ниво, лани оваа количина е неколкупати зголемена. Во 2013 година потрошени се 30.000 тони мазут, а во 2014 година се очекува пресметките да покажат зголемување!

Најголемиот енергетски производител во Р. Македонија, РЕК Битола е во очајно катастрофална состојба иако за реконструкцијата на блоковите се потрошени стотици милиони евра народни пари!

Ова резултира со намалено домашно производство на струја.

Ова значи потреба од увоз на струја од странство.

Ова ги зголемува трошоците на граѓаните на Македонија.

Бидејќи еден од столбовите на електро – енергетскиот систем во Македонија е во постојани дефекти, а проблематично работат и другите енергетски капацитети на ЕЛЕМ, прашање е кога ќе слушнеме за ново покачување на цената на електрична енергија.
Ова само ги потврдува наводите дека тесната група на власт за бизнис интереси свесно го колабира домашниот електро – енергетски систем во што ги вовлече и државните компании МЕПСО и ЕЛЕМ.

Како и за МЕПСО, повикуваме раководството на ЕЛЕМ веднаш да си поднесе оставка.
Порачуваме дека сите што учествуваат во уништувањето на енергетскиот систем во земјава ќе се соочат со својата одговорност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шукова: Скопје мора да се развива паметно, не може веќе да се бориме со хаосот, скопјани заслужуваат многу подобро

Герасимовски: Итно копче 24/7, бесплатни стоматолошки прегледи и домашна нега за пензионерите

Горан Наумовски

СДСМ: Откупот на индустриската пиперка-ајварка е целосно застанат, земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Глинџарски: Со јасен план за развој продолжуваме да го градиме Делчево

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Глас за Дејан Глинџарски е глас за Делчево да продолжи да се развива

Горан Наумовски