СДСМ ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за Шилегов

Од:

СДСМ попладнево во писмена реакција ги отфрли како манипулации обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Во реакцијата се наведува дека Шилегов уредно ги има пријавувано целокупниот имот, приходи и заштеди до надлежните органи.

СДСМ прашува дали министерот за транспорт крие непријавени кирии од тоа што неговиот дом во Прилеп е седиште на неколку правни субјекти.

– Јанакиески потврди дека тој има еден договор за закуп, со Проектот за реконструкција на каналзиациската мрежа во Прилеп. Но Тековната состојба на германската фирма Лудвиг Фајфер и документот од официјалната страница на Управата за јавни приходи за Проектот за надзор на проектот за реконструкција, откриваат дека куќата на Јанакиески е седиште и на овие два правни субјекта, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат