Амбасадорот Волерс ги вознемири Грците

Од:

Американскиот амбасадор Пол Волерс предизвика метеж во Грција со тоа што ПЈРМ уште еднаш ја нарече Македонија. Со оваа реченица грчките информативни портали денеска ја пренесуваат вчерашната изјава на Волерс во која истакна дека и „САД се вознемирени и сакаат Македонија да беше во НАТО уште вчера“.

„По средбата со претседателот на Парламентот, Трајко Вељановски, про ПЈРМ американскиот амбасадор отворено ја изрази поддршката за ’Македонија’, како што ја нарекува, а се осврна и на спорот меѓу Скопје и нашата земја“, пишуваат грчките онлајн медиуми.

– Треба да видиме што ќе се случи на изборите во Атина за неколку недели за потоа да видиме што може да се направи. Јас сум оптимист дека на долг рок ќе има успех, оти не гледам друга алтернатива. Тоа е иднината на Македонија, рече Волерс.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, овие зборови на американскиот амбасадор во Грција се толкуваат дека тој рекол оти „САД веруваат дека новата грчка Влада ќе се повлече и ќе и помогне“ на Македонија да влезе во НАТО.

„Сепак, Волерс не предвиде што ќе се случи на изборите во Грција, а неговата изјава предизвика задоволство во политичкиот свет и медиумите“ во Македонија, коментираат локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит