Паметен кревет – само бајки не чита

Од:

На Саемот за потрошувачи на електроника ЦЕС (Consumer Electronic Show), одржан во Лас Вегас, претставен е „паметен кревет“ (sleep IQ kids), кој врши надзор на децата во текот на спиењето.

Креветот содржи разни апликации кои им гарантираат мирен сон на децата. Така на пример сензорите поставени на креветот овозможуваат да се следи времето кое е потребно детето да спие, потоа квалитетот на неговиот сон..

„Паметниот кревет“ може да ги предупредува родители преку смартфон или таблет за тоа кога детето се буди или кога заспало, така што на далечина може да се исклучи светлото инсталирано на  креветот.

Покрај тоа делот, каде што е главата се крева, кога детето сака да чита, кога треба да се смири, кога кашла или ако има напад на астма.

Креветот е изработен во висока технологија, се уште не чита приказни како што тоа го прават родителите, но може да контролира дали е испочитуван задолжителниот ритуал за спиење: миење заби, облекување пижами и друго, а исто така, почнува да свети ноќе кога децата сакаат да одат во тоалет или кога ќе се разбудат и станат, затоа што се плашат од темнината.

Креветот ќе се најде на продажба до крајот на годината во САД и ќе чини илјада долари (околу 846 евра), додека класичните кревети во просек чинат 200 до 300 евра.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска