Во центарот на Њујорк, на Менхетн, деновиве започна изградба на црквата Свети Никола, која што претрпе големи оштетувања во нападот на 11-ти септември 2001 година.
Таа ќе биде изградена врз основа на нацрт на шпанскиот архитект Сантјаго Калатрава. Станува збор за Грчка православна црква, за која се верува дека ќе биде завршена до Велигден 2017 година, а преговорите за почеток на изградбата со управата во Њујорк траеа дури 13 години.
Инаку црквата иако не беше дел од Светскиот трговски центар, кој беше мета на нападот, претрпе големи оштетувања.
Е. Г.