Лексус ГС Ф премиерно претставен во Детроит

Од:

Лексус ГС Ф беше премиерно претставен на Североамериканскиот меѓународен Саем на автомобили во Детроит.

Моделот ГС Ф е дизајниран како ривал на БМВ М5 и други седан возила со високи перформанси.

Лексус ГС Ф е придвижуван од 5,0 литарски мотор со 467 коњски сили, а силата се испорачува преку осумстепен автоматски менувач.

Лексус ГС Ф 2

Моделот ГС Ф е усовршен на патеките Нурнбургринг и Фуџи Спидвеј и доаѓа со потврда суспензија, 19 инчни тркала со Мишелин Пилот Супер Спорт пневматици и сопирачки со шест клипови.

Лексус ГС Ф доаѓа со елементи изработени од карбонски влакна, како што е задниот спојлер. Во внатрешноста доминира дигитална инструмент табла, спортски седишта со дополнителна странична поддршка и 12,3 инчен екран осетлив на допир, како дел од инфотејмент системот, а како опција достапен е Марк Левинсон саунд систем со 17 звучници.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска