Уникатен мебел „Fallen Furniture“

Од:

„Fallen Furniture“ е британска компанија која се посвети на креирање на уникатни парчиња мебел.

Тие во своите креативни процеси користат стари и автентични делови на авиони – воени и цивилни.

Еден од нивните најмаркантни парчиња секако е „The Bomb“ – односно кабинет за пијалаци, што е направен од вистинска бомва – R.A.F. MK1.

Постои одредена одважност во креирањето на парче мебел кое некогаш било дел од воена машинерија.

„Fallen Furniture“ дава извонреден стил и огромна доза на привлечност, што е случај и со овој единствен кабинет за пијалак „The Bomb“.

Овој кабинет од алуминиум, што е високо полиран, и челик кој има карактеристики на висок квалитет, има ентериер направен од полиран месинг и лакиран црн американски кестен, кој е користен за правење полици и инсерти за врати.

Внатре се наоѓаат и месингани аксесоари за подготовка на коктели, што овој комплет го прави идеален за љубители на скапоцени пијалаци кои имаат истенчен стил кога се работи за мебел што го внесуваат во својата дневна соба.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска