Во Кина покрената истрага против заменик-министерот за државна безбедност

Од:

Во Кина е покрената истрага против еден од високите разузнавачки шефови Ма Џијан поради корупција, соопшти денеска Комисијата на Комунистичката партија за борба против корупцијата.

Ма, заменик-министер за државна безбендост е под истрага поради „сомнение дека сериозно го прекршил законот“, термин кој во Кина се употребува за корупција.

Ма повеќе од 30 години работеше во разузнавачка агенција, а во 2006 година беше именуван за заменик-министер.

Тој е последен пример на борба против корупцијата меѓу кинеските претставници која ја спроведува претседателот Си Џинпинг.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција